X
 28.06.2019 Живот

Џорџ Р. Р. Мартин е воодушевен од серијата „Чернобил“: Ако не освои „Еми“, нема правда во Холивуд!

Писателот на книгата „Песна за мраз и оган“, според која беше базирана серијата „Игра на троновите“, е воодушевен со серијата „Чернобил“, која ја гледал во еден здив.

- Неверојатна, возбудлива, срцепарателна. Ако не добие еден куп награди „Еми“, тогаш нема правда во Холивуд - напиша Мартин на својот твитер-профил.

- А посебна пофалба до талентираниот Џаред Харис за неговата неверојатна изведба - пишува Мартин, мислејќи на актерот што го глуми Валериј Легасов.

Творецот на серијата, Крег Мејзин, веднаш му се заблагодари на Мартин за неговите пофални зборови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот