X
 25.05.2015 Култура

Ретко видео: Реакциите на луѓето кои први го гледаа „Егзорцист"

„Егзорцист“ излезе пред повеќе од 40 години, но тој и понатаму останува еден од најстрашните филмови кои некогаш биле снимени. Филмот беше режиран од Вилијам Фридкин.

„Егзорцист“ не е модерен хорор. Во него нема гласни звукови или чудовишта кои одеднаш излегуваат. Сè најстрашно во овој филм мирно се претставува пред гледателот, кој долго потоа го помни. Фридкин во својот филм успеал да вклучи работи кои никој порано не успеал.

Кога првпат изглегол, публиката едноставно не била подготвена за нешто такво. Голем дел од нив излегувале од кината, а некои губеле свест за време на филмот. Благодарејќи на следното видео може да видиме како изгледаат лицата на шокираните гледатели. Погледнете.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура