X
 29.10.2019 Култура

Љубители на хорор-филмовите, радувајте се! Оваа година е преполна со филмови што ќе ги исполнат вашите очекувања

Од модерните адаптации на литературните класици, како „Hanzel & Gretel“ и „The Turn of the Screw“, нови продолженија на франшизи како „Тhe Grudge“ и „Saw“ до интригантни оригинални приказни, на листата со претстојните хорор-филмови за остатокот од 2019 година и во текот на 2020 година има по нешто за секој обожавател на хорор-филмовите.

Ова е листата со филмови според веб-страницата „Тајм“, со датуми на премиера во текот на следната година.

„The Lighthouse“, 18 октомври 2019 година



Роберт Егерс се враќа со интересен филм што го носи теророт од фолклорот на Нова Англија во живо. Во филмот глумат Роберт Патисон и Вилем Дафо како чувари на светилник кои почнуваат да го губат разумот додека живеат на оддалечен остров во 90-тите години на 19 век.

„Doctor Sleep“ 8 ноември 2019 година



Филмот го следи пораснатиот Дени Торанс како што тој се враќа во „Оверлук хотел“, местото на потеклото на убиственото лудило на неговиот татко. Торенс се враќа со надеж дека ќе му помогне на мало девојче кое исто така го поседува „сјајот“.

„Black Christmas“, 12 декември 2019 година



Римејк од филмот од 1974 година што има потенцијал да биде неверојатен.

„The Grudge“, 3 јануари 2020 година



Знаеме што мислите: Уште еден „Grudge“ филм? Но, овој нов филм ветува дека ќе биде еден од највознемирувачките досега.

„The Turning“, 24 јануари 2020 година



Модерна верзија на класичниот роман на Хенри Џејмс од 1898 година во кој глумат Мекензи Дејвиз како Кејт, дадилка која е изнајмена да се грижи за помладиот брат и сестра по смртта на нивните родители. Кејт за брзо време сфаќа дека нешто не е во ред на имотот каде што живеат децата.

„Gretel & Hansel“, 31 јануари 2020 година



Патување во темната шума заедно со режисерот Осгуд Перкингс.

„Fantasy Island“, 14 февруари 2020 година

1

Нека почне хоророт за Св. Валентајн. Базиран на класичната ТВ-серија од 70-тите, „Fantasy Island“ се потпира на истата основа од серијата: луѓето од целиот свет патуваат на мистериозен остров каде што гостите може да живеат во нивните најлуди фантазии, но за одредена цена. Но, овој пат, убиецот ги демнее.

„The Invisible Man“, 28 февруари 2020 година

2

„Јуниверзал“ го оживува своето чудовиште од филмската франшиза. Во филмот ќе глуми Елизабет Мос како Сесилија Кас, млада жена која почнува да се сомнева дека нејзиното починато поранешно момче кое ја злоупотребувало, всушност, не е мртво.

„A quiet place 2“, 20 март 2020 година

3

Режисерот и сценарист Џон Красински го враќа дистопискиот свет на чудовишта кои ловат со помош на звукот во вториот дел од филмот „A quiet place“. Иако нема многу детали за филмот, познато е дека Емили Блант ќе се врати во филмот.

„The New Mutants“, 3 април 2020 година




Спиноф на „X-Men“. Во филмот глумат Мејси Вилијамс, Анја Тејлор-Џој и Антонио Бандерас.

„Saw 9“, 15 мај 2020 година



Деветтото продолжение од сагата „Saw“ не е продолжение на филмот од 2017 година „Jigsaw“, но се одвива во временската рамка на „Saw“.

„Candyman“, 12 јуни 2020 година

5

„Духовно продолжение“ на хорор-филмот од 1992 година што се враќа во нова населба во Чикаго каде што почнала легендата.

„The Purge 5“, 10 јули 2020 година

6

Подгответе се за уште една „чистка“ од владата - ноќ на беззаконско насилство. Не е јасно дали овој филм ќе биде уште еден предговор како „The First Purge“ од 2018 година или ќе ги истражува резултатите од изборите како филмот „The Purge: Election Year“ од 2016 година.

„The Conjuring 3“, 11 септември 2020 година

7

Ед и Лорен Ворен (Вера Фармига и Патрик Вилсон) ќе истражуваат уште еден случај на паранормална активност. Овој пат фокусот ќе биде на човек кој ја користел демонската опседнатост како негова одбрана за извршување убиство.

„Last Niht in Soho“, 25 септември 2020 година

Не се знае многу за овој нов психолошки трилер, освен дека дејствието е во Лондон и дека ќе глуми Анја Тејлор-Џој, Томасин Мекензи, Мет Смит Дијана Риг и други познати имиња.



„Halloween Kills“, 16 октомври 2020 година



И покрај фактот што последно го видовме Мајкл Мајерс заглавен во визба во куќа што гори, голема е веројатноста овој маскиран убиец да се врати и повторно да ги тероризира Лори Строуд и нејзиното семејство.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура