Живееме на планета која во својата внатрешност содржи магма, па патот до другиот крај на светот со помош на лопата можеби и не звучи толку лудо.
Каде ќе стигнете ако копате од Македонија, може да проверете на оваа интересна интерактивна „
антипод“ мапа, што со помош на координатите ја одредува дијаметрално спротивната точка на површината на Земјата. Доволно е само да ги запишете земјата, градот, адресата или поштенскиот код каде што се наоѓате и ќе добиете точна локација на која би се нашле копајќи.
Ако копате од Македонија, тогаш ќе се најдете некаде во водите на Јужниот Тихи Океан.