X
 28.08.2018 Наука

Од една страна труе, од друга лекува – бактерија корисна за анемичните



Бактеријата ешерихија коли (Escherichia coli) којашто може да доведе до смрт во случај на труење со храна, би можела да се користи и како лек во борбата со анемијата.


Црвени крвни зрнца (еритроцити)
(Фото: Pixabay)


Во експеримент што го спровеле научници од Универзитетот Колорадо, бактеријата ешерихија коли го намалила губењето на железо кај црви, ни и во човекови клетки, со што спречила појава на анемија.

Од анемија страдаат милијарда луѓе ширум светот, а посебно се погодени родилките, тинејџерите и помалите деца.

Некои типови на ешерихија коли може да предизвикаат повраќање, дијареја и болки коишто можат да бидат фатални за почувствителните пациенти, но некои се безопасни и се наоѓаат во гастроинтестиналниот тракт.

„Во последните години забележуваме дека многу микроорганизми кои се наоѓаат во нашиот дигестивен систем се добри за нас. Но дури сега точно ги откриваме нивните бенефити по нашето здравје. Ова ново откритие ја покажува клучната улога на бактеријата ешерихија коли, а таа е да им помага на клетките во апсорпцијата на железото“, рекол доктор Мин Хан, авторот на студијата објавена во списанието „Cell“.

Младите црви коишто имале забавен раст и ниско ниво на железо, научниците ги хранеле со генетски променета ешерихија коли којашто ја ставале во ентеробактин. Се утврдило дека нивото на железо драстично се зголемило и дека црвите почнале да растат. Потоа ги додале и во човекови клетки, и се потврдил истиот ефект.

„Веруваме дека оваа молекула има голем потенцијал за борба со недостатокот на железо, за разлика од таблетите коишто можат да предизвикаат противефект“, додал доктор Хан.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука