X
 28.09.2018 Живот

Тигрица од загрозен вид убиена при несреќа што можела да се спречи

Останати се само неколку стотици од нив, а сега популацијата на загрозените суматрански тигри во индонезиските џунгли претрпе уште еден удар откако прекрасно животно беше убиено при бесмислена несреќа.

Ловец се надевал да намами дива свиња на островот Суматра, но во неговата стапица не се фатила свиња, туку голема суматранска тигрица.

Тој ги известил службениците, кои отишле на местото за да ја најдат тигрицата, но ја немало. Подоцна ја нашле мртва во близина на еден дол, а околу нејзината половина било јажето од стапицата. Се сомневаат дека тоа е причината за смртта на животното.

И како тоа да не било доволно ужасно, подоцна било утврдено и дека тигрицата требало во блиска иднина да има мали тигриња.

Фото: Science Alert

Се проценува дека популацијата на суматранските тигри брои помалку од 400 единки, а нивниот број се намалува. Затоа секој тигар е неверојатно скапоцен.

Според индонезиските закони, убивањето заштитени видови, како што е суматранскиот тигар, може да биде казнето со затворска казна до пет години и парична казна од околу 6.700 долари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот