Тесниот простор помеѓу зградите на северниот дел од Букурешт неодамна е редизајниран како простор на мир и светлина за новата локација на брендот „Боилер кафе“. Проектот наречен „Капела“ е дизајниран од Штефан Павалука од локалното студио „Винкл“ и се наоѓа на компактна локација на улицата „Басилеску“.
Ова е најновото дело во серијата мали архитектонски интервенции во Букурешт. Иако е сосема различна по големина и облик, новата зграда на кафетеријата се вклопува во околината преку својот дизајн со суптилно, интимно присуство.
Просторно ограничена од старо дрво и густо населени згради, изградбата на триаголната парцела барала висок степен на геометриска прецизност, а студиото „Винкле“ пристапило кон оваа задача со одлична прецизност и креативност.
И покрај ограничувањата на просторот, малата кафетерија од само 18 квадратни метри одржува визуелна транспарентност по должината на улицата, со оглед на тоа што има големи стаклени површини и челични панели. Со својата необична форма изгледа како скулптура.
Фенер вграден во градскиот пејзаж
Оваа транспарентност практично ги брише границите помеѓу внатрешниот и надворешниот простор и претставува нова типологија на урбани интервенции кои нудат интимност во јавниот простор. Преку ден зградата речиси се дематеријализира бидејќи нејзината стаклена мембрана ја рефлектира околината. Ноќе кафетеријата станува светлечки фенер вграден во градскиот пејзаж.
Ентериерот, кој исто така е дизајниран од истото студио, добива дополнителна топлина и контраст со употребата на дрвени панели. Високиот таван, без видливи структурни елементи, создава неочекувано чувство на просторност.
Извор: gradnja.rs
Фото: Instagram