X
 28.10.2021 Живот

Неработни денови за 2022 година - ќе уживаме во многу продолжени викенди

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2022 година.

Така, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ, број 21/98 и 18/07), во 2022 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ:

• 1 јануари (сабота), Нова година,
• 7 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
• 1 мај (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден,
• 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 2 мај (понеделник), Рамазан-бајрам, првиот ден на Рамазан-бајрам,
• 24 мај (вторник) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители,
• 2 август (вторник), Ден на Републиката,
• 8 септември (четврток), Ден на независноста,
• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
• 23 октомври (недела), Ден на Македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,
• 8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.

За граѓаните од православна вероисповед:

• 6 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик,
• 19 јануари (среда), Богојавление (Водици),
• 22 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден,
• 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед:

• 18 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 1 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
• 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

• 9 јули (сабота), Курбан-бајрам, првиот ден на Курбан-бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:

• 22 ноември (вторник), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ:

• 27 јануари (четврток), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ:

• 8 април (петок), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ:

• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:

• 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:

• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:

• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот