X
 27.10.2023 Живот

2024 е полна со продолжени викенди: Еве кои се неработни денови

Министерството за труд и социјална политика ја објави листата со неработни денови за идната година и веруваме дека многу ќе ве израдува, со оглед на тоа што ќе имаме многу продолжени празнични викенди.

Согласно Законот за празниците на Република Македонија („Сл. весник на РМ“, број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на Македонија

• 1 јануари (понеделник), Нова година,
• 7 јануари (недела), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, односно 8 јануари (понеделник) е неработен ден,
• 6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 10 април (среда), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам,
• 1 мај (среда), Ден на трудот
• 24 мај (петок) Св. Кирил и Методиј - Ден на сесловенските просветители,
• 2 август (петок), Ден на Републиката,
• 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
• 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
• 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
• 8 декември (недела), Св. Климент Охридски, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед
• 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божиќ,
• 19 јануари (петок), Богојавление (Водици),
• 3 мај (петок), Велипеток, петок пред Велигден,
• 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед
• 1 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
• 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 16 јуни (недела), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во Македонија
• 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во Македонија
• 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во Македонија
• 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во Македонија
• 23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во Македонија
• 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во Македонија
• 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во Македонија
• 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот