X
 28.11.2019 Живот

Животниот век на Американците се намалува поради дрогата и самоубиствата

Животниот век на Американците опаднал од 2014 година, а причините за тоа се страшни и варираат од самоубиства до епидемија на употреба на наркотични средства.

Претходните извештаи открија постојано опаѓање на животниот век на мажите од САД во текот на изминатите години, но нова подетална студија покажува дека проблемот е многу поширок и посистемски отколку што се мислеше.

Иако не е идентификувана некоја причина за смрт како единствен виновник, студијата посочува на сè поголеми проблеми како зависност од наркотични средства, самоубиства и здравствени проблеми како дебелината. Накратко, просечниот животен век и за мажите и за жените опаѓа веќе неколку години.

Стапката на смртност кај возрасните Американци за 100.000 лица се зголемила за 6 проценти во периодот меѓу 2010 и 2017 година, покажува студијата. И изгледа дека ова е уникатен американски тренд.

-Треба да оди надолу, како што е во другите земји. Фактот дека тој број расте значи дека нешто навистина не е во ред - вели водечкиот истражувач Стивен Вулф.

Податоците стануваат уште пострашни кога ќе се расчленат по полови. Меѓу мажите е понамален животниот век, но жените умираат од болести, самоубиства и труење со алкохол со побрзо растечка стапка од мажите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот