X
 20.10.2015 Живот

Богатите во просек живеат подолго од сиромашните

Њујорк е град на големи нееднаквости, а во него, меѓу останатото, луѓето во најсиромашните делови на Њујорк умираат 11 години порано од оние кои живеат близу Вол Стрит, покажуваат податоците од истражувањето кое траело 10 години.

Истражувачите се надеваат дека со ова ќе се стави акцент на екстремната нееднаквост во Големото Јаболко и ќе се подобри квалитетот на живот на најсиромашните.

Во најсиромашниот бруклински кварт Бронсвил, во кој 76% од жителите се афро-американци, очекуваниот животен век е 74.1%. За споредбата, во градскиот финансиски кварт на Мехетен живеат во просек 85.4 години, односно 11 години повеќе.

Жителите од Бронсвил не умираат порано од некои необични причини туку од истите болести, заболување од рак како и нивните богати соседи.

„Не е фер и може да се спречи“, изјави портпаролот за здравство Мери Басет.

Од 86.377 жители на Бронсвил, четвртина од возрасните немаат завршено средно образование, а 40% живеат под нивото на сиромаштија. Се разбира, бројот на Вол Стри е сосема спротивен.

Другите квартови на Менхетен и Квинс имаат слични податоци за очекуваниот животен век, додека останатите делови на Бруклин и Бронкс се совпаѓаат со дното на Бронсвил.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот