X
 28.11.2023 Живот

Словенија ќе им ги врати парите на граѓаните што платиле казна за прекршување на мерките против ковид

Владата на Словенија одлучи да им ги врати парите на граѓаните и да ги укине казните изречени за прекршување на правилата за време на заклучувањата поради коронавирусот.

Еден од примерите и симболите на суровиот начин на кој властите воведоа рестрикции за коронавирусот е доставувач од Љубљана кој е казнет со 400 евра. Во работното време седнал на скалите пред црквата да се одмори и да јаде бурек. Тогаш полицијата му пришла и го казнила затоа што ја извадил маската. Сега тој доставувач ќе си ги врати парите и ќе биде исчистено неговото полициско досие.

Истото важи и за повеќе од 60.000 други Словенци кои ги прекршиле мерките против ковид.

Полицијата изрече казни во висина од речиси 6 милиони евра во период подолг од две години. Но, од оваа недела стапува во сила законот за враќање на тие пари.

Повратот на парите беше едно од ветувањата на премиерот Роберт Голоб.

Извор: МИА

Живот