X
 28.12.2021 Живот

ЗОО Скопје промовира сликовница достапна и за деца со оштетен вид

Зоолошката градина во Скопје ја промовира инклузивната сликовница „Другарите од Зоолошката градина“ на авторката Гордана Симоновска-Момироска. Таа минатата година ја издаде сликовницата „Новогодишна приказна“, која е преведена и на албански јазик, како и сликовницата „Буква по буква азбука“.

Овие книги се преведени и на Брајово писмо, со што се достапни и за децата, но и за возрасните со оштетен вид. Издавач е здружението на граѓани „Свет на различни, а еднакви“, а книгата е дел од иницијативата „Да читаме без дискриминација“. Убавите илустрации се дело на Наско Џорлев. 

- Чест и задоволство ни е што ЗOO Скопје ја добива првата инклузивна сликовница за деца и млади печатена и на Брајово писмо. „Другарите од Зоолошка градина“ е авторско дело на Гордана Симоновска-Момироска и преку оваа сликовница дечињата со оштетен вид ќе имаат можност да читаат сами, а другите дечиња да се запознаат со Брајовото писмо и начинот на кој се описменуваат слабовидните и слепи лица - соопштуваат од Зоолошката градина.

фото: ФБ-страница на Зоолошка градина


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот