X
 29.05.2025 Образование

Најстарата домашна задача во светот: Поглед на вавилонска математичка домашна задача од пред 4.000 години

Домашните задачи во последно време не се толку застапени како во минатото. Оние од нас што одеа на училиште околу почетокот на милениумот можеби се сеќаваат на чувството дека се „закопани“ во домашните задачи. Но, доцните бејби-бумери и раната генерација X во шеесеттите и седумдесеттите години имале многу полесен товар, како и генерацијата образована според реформите на Џон Дјуи од почетокот на дваесеттиот век.

Може да се следи оваа линија сè до времето на вавилонците, пред 4.000 години. Во видеото од каналот „Тибеес“, научната јутјуберка Тоби Хенди покажува неколку артефакти од домашни задачи од антиката и објаснува како да се толкуваат.


Впишани на глинена плоча, нивните едноставни оценки откриваат дека се примери за домашна задача по математика, најомразената категорија денес, а можеби и тогаш. Тоа што вавилонците имале прилично напредна математика, што Хенди го покажува користејќи своја глина, може да биде исто толку изненадување како и фактот дека тие пишувале домашни задачи воопшто.

Не дека сите го правеле тоа. Самото универзално школување датира од индустриското време. Сепак, тие направиле значаен чекор во создавањето цивилизација што не можеле да го направат без пишување. Писар, како што знаеме, значи оној што пишува - што во Вавилон значело оној што пишува на сумерски јазик. Таа вештина се пренесувала преку мрежата на едуба, или писарски училишта за сумерски јазик, кои обично се наоѓале во приватни резиденции, а кои произведувале доволно писмени луѓе и математичари за да ја одржат империјата во функција, барем до шестиот век пр.н.е. или приближно толку.

Се чини дека никаква домашна задача не може засекогаш да заштити една цивилизација.

Извор: openculture.com

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Образование