Со оглед на тоа што многу канцеларии и фабрики останаа празни во текот на пандемијата, сликата од овие места без човечки ресурси полесно овозможува да се замислат исполнети со нивна замена од страна на роботи.
Во неекои извештаи, експерти тврдат дека речиси половина од сите работни места, особено во САД, се изложени да станат автоматизирани, а до тоа може да дојде за неколку години или децении. Но, кога размислуваме за ризиците од зголемување на автоматизацијата, некои истражувачи мислат дека треба помалку да се фокусираме на тоа кои работни места се изгубени, а поголем акцент да се стави она она што се случува со оние кои не се подготвени за промена.
Кои работни места се со најголем ризик?
Според експертите, ова најмногу зависи од стратегијата за истражување на работните места. На пример, некои проценки дали одредено работно место може да биде автоматизирано зависи од прилично крути дефиниции за професија. Едно истражување, објавено во 2013 година, проценило дека 47 отсто од сите вработени во САД се изложени на ризик да бидат автоматизирани. Истражувачите скенирале низа работни места, претпоставувајќи дека секој со таква титула извршувале приближно исти задачи, а потоа процениле колку од тие основни одговорности би можеле да станат автоматизирани.
Но за Улрих Зерахн и неговите колеги, ваквите истражувања ја замаглуваат линијата помеѓу нечија титула и она што тие всушност го остваруваат од ден на ден. Зерахн, економист од Универзитетот во Утрехт, Холандија, вели дека само затоа што луѓето имаат иста етикета на занимање не значи дека прават исти работи како другите луѓе со таа титула. Истражувањата ги посочиле овие разлики во минатото. На пример, едно истражување открило дека жените генерално преземаат повеќе интерперсонални задачи во врска со нивната работа во споредба со мажите, кои повеќе ја извршувале работата базирана на аналитика. Овие разлики дури и може да помогнат да се објасни зошто две работни места со иста титула имаат различна плата во зависност од работодавачот.
Фото: Freepik
Затоа, Зерахн и неговиот тим го проучувале потенцијалот на работните места да станат автоматизирани, земајќи предвид широк опсег на одговорности што може да ги има некој. Кога индивидуално ги разгледувале вработените, сите тие отстапувале од стандардниот опис на работа. Згора на тоа, уникатните задачи што луѓето ги постигнуваат во рамките на своите работни места, обично е тешко да се предадат на софтвер. Со оглед на овие фактори, тимот открил дека околу 9 отсто од американските работни места се изложени на ризик да станат автоматизирани.
Една работа за која истражувачите сметаат дека има најголема веројатност да стане автоматизирана? Сметководство. Голем дел од основните задачи во оваа професија може да ги извршуваат компјутерите, како пополнување формулари, следење упатства и математика. Но, работата бара од некои вработени да преговараат или да водат други луѓе преку нивната работа, вели Зерахн, така што можеби професијата не е толку подложна на автоматизирање, како што мислат некои.
Се разбира, сè уште има некои работни места што, дури и според анализата на Зерахн и неговиот тим, имаат шанса да станат автоматизирани. Нивното истражување не откри кои специфични работни места спаѓаат во оваа категорија, но професиите со најголем ризик се карактеризираат со задачи што постојано се повторуваат и идентични задачи што се следат по низа инструкции.
Меѓу економистите и академците, сè повеќе постои фаќање дека колку пообразован е некој, толку е поголема можност да ја зачува работата кога ќе дојде автоматизацијата. Повеќе образование генерално води кон поголема прилагодливост на работно место. Собирањето и инкорпорирањето на нови аспекти на работното место, генерално е полесно за пообразованите работници. За вработените обучени да вршат само одредена задача, автоматизацијата е поголема закана. За да останат вработени, луѓето на тие позиции треба да развијат целосно нов пакет на вештини.
Оние работници со високо специфична обука се оние за кои Зерахн се грижи најмногу. Ако компаниите одлучат да ги заменат работниците со
софтвер или роботика, тие вработени можеби ќе треба да бараат или повторно да стекнат обрзование за нова линија на работа.
- Луѓето ги чини ако бараат нова работа, а ако не најдат нова веднаш, може да имаат трајна загуба на приходот - вели Зерахн.
Ако зголемувањето на автоматизацијата им овозможува на некои луѓе да се прилагодат, тоа би можело да го присили растот на платите. За некои економисти, ова е примарна грижа за зголемувањето на автоматизацијата. Според Зерахн, потребно е луѓето да инвестираат во високото образование. На тој начон, поголем процент на работата сила може полесно да се прилагоди, ако софтверот преземе дел од нивната работа.
Извор:
Discovermagazine.com