X
 29.08.2018 Живот

Моќно писмо за вакцините од 1988 година напишано од Роалд Дал до родителите

Во 1962 година, Роалд Дал, британскиот автор на детски книги вклучувајќи ги „Чарли и чоколадната фабрика“, „Матилда“ и „Фантастичниот господин Фокс“, ја изгубил неговата ќерка Оливија поради мали сипаници. Една година подоцна, излегла првата вакцина против болеста, во надеж дека ќе спречи смртни случаи како тој на Оливија.

За жал, станува јасно дека достапната вакцина за родителите не е доволно за да се запре болеста - потребно е да се убедат за да ја искористат.

Но, како што и самиот Дал искусил, малите сипаници се смртоносна болест. Минатата година, 145.700 луѓе починале од мали сипаници на глобално ниво - поголемиот број од овие луѓе биле деца под 5 години.

Во обид да ги потсети другите родители дека станува збор за животот на нивните деца, 26 години после смртта на Оливија, Дал го напишал ова моќно писмо објавено од Управата за здравство на Сандвел.

Писмото е исто толку важно и денес, ако не и повеќе, колку што било тогаш.

писмо

Мали сипаници: опасна болест

Оливија, мојата најстара ќерка, се зарази со мали сипаници кога имаше седум години. Како што болеста го зеде својот вообичаен тек, се сеќавам дека често ѝ читав во кревет.

Како што болеста започна да тече по вообичаениот курс, можам да се сетам дека често ѝ читав во кревет, не чувствувајќи особена вознемиреност во врска со болеста. Едно утро, кога можеше да се каже дека е на пат кон заздравување, седев на нејзиниот кревет, покажувајќи како да ги облекува малите животни. Кога ѝ дојде ред да го направи тоа, забележав дека нејзините прсти и мозок не функционираат заедно, така што таа не можеше да направи ништо.

- Дали се чувствуваш добро? - ја прашав.

- Се чувствувам поспано - рече таа.

По еден час беше во несвест. Во период од 12 часа почина.

Малите сипаници се претворија во ужасно нешто наречено сипаници енцефалитис, така што докторите не можеа да направат апсолутно ништо за да ја спасат. Тоа беше пред 24 години, во 1962 година, но дури и сега, ако детето со мали сипаници ја развие оваа истата смртоносна реакција од сипаниците како што разви Оливија, и денес докторите не би можеле да направат ништо за да ѝ помогнат.

Од друга страна, постои нешто што денес родителите можат да го направат за да се осигураат дека оваа трагедија нема да им се случи на нивното дете. Тие можат да инсистираат нивното дете да се имунизира против мали сипаници. Не можев да го направам тоа за Оливија во 1962 година бидејќи во тоа време сигурната вакцина против мали сипаници не беше откриена. Денес, достапна е добра вакцина за секое семејство и сè што треба да направите е да им ја ставите.

Сè уште не е општо прифатено дека малите сипаници можат да бидат опасна болест. Верувајте ми, е. По мое мислење, родителите кои сега одбиваат да ги вакцинираат своите деца, ги ставаат во опасност животите на тие деца. Во Америка, каде имунизацијата на мали сипаници е задолжителна, болеста беше буквално избришана.

Овде во Велика Британија, бидејќи многу родители одбиваат, или од тврдоглавост или незнаење или страв, секоја година имаме стотици илјади случаи на мали сипаници. Од нив, повеќе од 10.000 ќе страдаат од несакани ефекти од еден или друг вид. Најмалку 10.000 ќе развијат инфекции на увото или градниот кош. 20 ќе умрат.

Нека ви влезе во главата.

Секоја година околу 20 деца ќе умрат во Британија од мали сипаници.

Што е со ризиците што вашите деца ќе ги претрпат од вакцинирањето?

Речиси и не постојат. Слушнете го ова. Во округ од околу 300.000 луѓе, ќе има само едно дете на секои 250 години што ќе развие сериозни несакани ефекти од имунизацијата на мали сипаници. Тоа е еден на милион шанса. Мислам дека поголема е шансата вашето дете да се задави со чоколадо, отколку да стане сериозно болно од вакцината против мали сипаници.

Тогаш, зошто се грижите? Може да се каже дека е речиси кривично дело тоа што не дозволувате вашето дете да биде вакцинирано.

Идеалното време да го направите тоа е 13 месеци, но никогаш не е предоцна. Сите ученици кои сѐ уште не се вакцинирани од мали сипаници треба да ги замолат нивните родители да го направат тоа колку што е можно поскоро.

Две од моите книги ѝ ги посветив на Оливија - првата беше „Џејмс и џиновската праска“. Оваа книга ѝ ја посветив додека беше жива. Втората беше „Големиот добар џин“, посветен на нејзиното сеќавање откако почина од мали сипаници. Ќе го видите нејзиното име на почетокот на овие две книги. И знам колку би била среќна ако сам знаеше дека нејзината смрт помогна да се спасат многу болести и смртни случаи кај другите деца.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот