X
 20.03.2026 Живот

Овој дански град го замени белото улично осветлување со црвено за да ги заштити лилјаците

Во данскиот град Гладсаксе, во близина на Копенхаген, властите одлучиле да го заменат белото улично осветлување со црвено со цел да ги заштитат колониите на лилјаци имајќи го предвид фактот дека лилјаците се вознемируваат од краткобранова светлина, каква што емитира традиционалното бело улично осветлување.

Од друга страна, црвената светлина, која емитира подолги бранови, помалку им пречи на овие животни да ловат ноќе или едноставно да се преместуваат од едно место на друго. Градските власти истакнуваат дека оваа иницијатива означува прекин на традиционалните начини на осветлување кои му даваат предност на човечкиот вид на штета на екосистемот.

Сепак, експертите укажуваат дека иако овој пристап за намалување на светлосното загадување и заштита на биодиверзитетот е за пофалба, црвената светлина не се препорачува за осветлување на патишта и улици. Човечкото око потешко ги забележува контрастот и растојанијата под црвена светлина, што ги намалува острината на видот и времето на реакција на возачите при препреки.

За да се комбинира заштитата на биодиверзитетот со безбедноста на патиштата, францускиот град Авор вовел иновативен систем на осветлување.

Во овој град осветлувањето е сезонско: во текот на летото е во боја на килибар, која е слична на црвената, за да се заштитат дивите животни, додека во зима се префрла на неутрално бело за да се обезбеди оптимална видливост и безбедност за учесниците во сообраќајот.

Се наведува дека ваквото осветлување помалку ги вознемирува инсектите, а во овој случај и лилјаците.

Извор: 021.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот