X
 29.10.2021 Живот

А1 Македонија со нов салон во „Ист гејт мол“ и со ексклузивна промоција за посетителите

А1 Македонија, членка на А1 Телеком Австрија Групацијата, операторот со најголем број корисници и најбрз мобилен интернет во земјата, ја збогатува продажната мрежа и отвора нов продажен салон во „Ист гејт мол“.

Продажниот салон се наоѓа во приземјето на трговскиот центар. Атрактивната позиција го прави лесно пристапен за сите посетители што сакаат непосредно да ги препознаат производите и услугите што ги бараат и на тој начин да го направат вистинскиот избор за комуникација.

Како и во сите продажни салони во мрежата на А1, целокупното ентериерно решение е во согласност со брендот и имиџот на компанијата и претставува модерен и урбан простор кој овозможува поблиска комуникација на деветчлениот персонал со клиентите што ја претставува и крајната цел на компанијата, да обезбеди што подобра услуга за своите корисници.

Во рамките на официјалното отворање на салонот сите посетители кои во периодот од 29.10.2021 г. до 31.10.2021 г. ќе обноват или склучат нов договор за А1 Нео портфолиото или А1 Комбо добиваат ексклузивна можност за дополнителен попуст до 6.000 денари за одредени модели на телефони.

А1 продажниот салон ќе работи секој ден од 10:00 до 22:00 часот.
Сите детали можете да ги добиете на www.a1.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот