X
 29.11.2022 Живот

В петок Отворен ден на УКИМ

На Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на 2 декември 2022 г., во два термина, во 10:00 часот и во 12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите ќе се одржи ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ.

На Отворениот ден ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

Идните студенти ќе имаат можност да ги запознаат одблиску професорите и студентите, да прашаат сè што ги интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, да дознаат за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.



Исто така, ќе имаат можност да прошетаат низ факултетите на УКИМ, да се запознаат со нивните физички капацитети, предавални, лаборатории...

Мотото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е традиција, потврдени вредности и квалитет!
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот