X
 30.01.2020 Наука

Океанот станува толку кисел, што ги разложува оклопите на раковите

Светските океани апсорбираат околу 30 отсто од јаглеродниот диоксид испуштен во атмосферата. Тоа значи дека како што се зголемувале нивоата на CO2 во атмосферата, се зголемувале и во морската вода, што резултирало со зголемување на киселоста на водата.

Со текот на времето, според една студија, ефектот станал толку нагласен, што сè покиселата вода во Тихиот Океан ги разложува оклопите на новоизведените данџенески ракови.

За да ја направи студијата (која била финансирана од Националната океанска и атмосферска управа - НОАА), меѓународен тим на истражувачи користел скенирачки електронски микроскоп за да анализира примероци од раковите собрани при истражувачко крстосување на НОАА од 2016 година.

Тоа довело до откривање на ларвести данџенески ракови со оштетувања на нивните оклопи. Некои од раковите ги изгубиле сензорните структури слични на коса кои вообичаено ги користат за навигација во околината и многу од оштетените ракови биле многу помали од другите ларви.

Откритието не влијае само врз екосистемот во Тихиот Океан - може да влијае и врз економиите на градовите во пацифичкиот северозапад, кои фаќаат и продаваат ракови.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука