Во зависност од тоа кој ќе прашате, не постои само една, туку две крајни граници на откривање. Длабоката вселена долго време ја плени нашата имагинација, но длабокиот океан, кој е тука на Земјата и понатаму останува едно од најнеистражуваните места познати за човекот.
Само 5% од морското дно е топографски фотографирано; другите 75% од целата вселена се релативно непознати. Сепак, уште од почетоците на истражувањето на вселената, НАСА темелно го обележал Меркур, џуџестата планета Церес, речиси цела Венера, па дури и Црвената планета. И не заборавајте на неверојатно деталните сателитски снимки на секој ќош и пукнатина на Месечината.
Но сега, меѓународната грипа на марински експерти од GEBCO (General Bathymetric Chart of the Oceans), oкеанографска организација основана во 1903 година, вели дека во иднина нивната желба е океанското истражување да го достигне нивото на вселенското.
На Форумот за иднината на мапирањето на дното на океанот - симпозиум каде научниците,
океанографите, владините претставници и невладините организации ги објавиле своите намери за истражување на морското дно во дигитална форма.
„Од 1991 година повеќе знаеме за топографијата на Марс отколку за морското дно на Земјата, и океаните имаат многу поголемо влијание врз нашиот секојдневен живот од површината на Марс“, претседател на водечкиот комитет на GEBCO.
„Длабоката вселена е омилената територија на НАСА. И покрај тоа што е далечно, непријателско и пусто место, истражувањето дава неколку големи откритија. Спротивно на тоа, океаните се блиску, а нивното истражување е потенцијален извор на откритија кои би можеле да се покажат како корисни за решавање на широк спектар на национални проблеми од климатските промени до различни болести“, вели социологот Амитај Ецини.
Технички, поголемиот дел од дното на океанот е веќе одбележан, но со резолуција од 5 километри, која во најдобар случај покажува груба апроксимација на подморските ровови.
За разлика од месечините и планетите, морското дно не може да биде мапирано со користење на радар бидејќи водата во океаните има тенденција да ги попречи радио брановите на сателитот. Со цел да се фатат слики со висока резолуција на дното на океанот, експертите треба да распоредат низа на софистицирани хидролокаторски техники, кои можат да мапираат мал дел од морското дно со резолуција од околу 100 метри.
Хидролокаторскиот систем се користи за лоцирање на исчезнатиот авион Малезија ерлајнс од 2014 година, и резултираше со откривање на изумрени подводни вулкани, гребени и ровови кои претходно биле непознати за истражувачите.
„Неодамнешните подводни податоци добиени со батиметрија со висока резолуција, открија голем дел од карактеристиките на морското дно. Тоа исто така открива пофини размери на функциите на морското дно кои не беа видливи со претходната ниска резолуција од податоците добиени со сателитска батиметрија“.
Дали истражувањето на морското дно ќе стане приоритет останува мистерија исто како и делови од самиот океан.