X
 30.01.2021 Живот

Што најчесто сонуваат луѓето?

Кога сонуваме нешто страшно, дали имаме причина да се плашиме или тоа е начин да се ослободиме од стравовите во реалниот живот?

Секоја индивидуа има свое толкување на соништата, но и во тој случај не може да бидеме сигурни што сакаат да ни порачаат соништата.

Она што експертите го знаат се најчестите теми на соништата. Имено, постои голема разлика помеѓу соновите на мажите и жените. Мажите почесто сонуваат едни работи, додека жените други.

Жените во соништата најчесто се окупирани со врските, лажењето, неверството и кавгите. Од друга страна, мажите имаат најмногу кошмари за природни катастрофи, поплави и пожари, пишува „Новости“.

Мажите двојно почесто сонуваат за катастрофи од жените, а освен тоа ги мачат и заразите. Жените се грижат за прекинување на пријателствата и врските и други емоционални проблеми.

Извор: novosti.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот