X
 30.03.2021 Здравје

Состанок на Филипче, Караџовски и директорите на ковид-центрите: Нема потреба од нови рестрикции

Министерот за здравство Венко Филипче на утринската координација со директорите на ковид-центрите и претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, разговараа за епидемиолошката состојба во државата, болничките капацитети, состојбата на болните.

- Болничките капацитети за прием на ковид-пациенти за разлика од ноември се зголемени за 50%, а зголемена е и потребата од хоспитализација на пациенти што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно, може да се стават на располагање за прием на ковид-болни - стои во соопштението од Министерството за здравство.

На состанокот се разговарало и за достапноста на болничката терапија за болните со Ковид-19 што се хоспитализирани.

- Доставата на терапијата оди тековно и нема застој. Според анализите на епидемиолозите, нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки, односно тие не би дале резултат со оглед на тоа што се наоѓаме на крајот на активноста на респираторниот вирус, односно на 6. до 8. недела од третиот бран. Тоа, според епидемиолозите, значи дека вирусот има широка инфекција на територијата на цела држава, но од друга страна, во сите болници во државата има слободни кревети. Членовите на Комисијата за заразни болести се во секојдневна координација и комуникација и во текот на неделата ќе одржат состанок. Во периодот што следува останува да се следи ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува, тоа ќе се направи - се вели во соопштението.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје