X
 30.04.2019 Живот

Џакарта веќе нема да биде главен град на Индонезија

Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, одлучи да го премести главниот град на таа најголема економија во Југоисточна Азија од пренаселениот остров Јава. Тоа го изјави денеска министерот за просторно планирање.

 - Претседателот одлучи да го премести главниот град надвор од Јава, и тоа е многу важна одлука - изјави министерот Бамбанг Бродјонегоро на прес-конференцијата по седницата на владата.

Тој додаде рече дека владата допрва треба да избере нова локација.

Според него, преместувањето на престолнината Џакарта, каде што живеат 10 милиони луѓе, на северниот брег на Јава, може да потрае до десет години, наведувајќи примери од Бразил, Малезија и Казахстан.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот