X
 30.05.2016 Наука

Искуство од математичкиот камп - местото каде се раѓаат иноваторите

Не секој може да ги посочи клучните точки во животот - моментите кога работите тргнаа на подобро. За мене, тој момент беше летото во за време на средното училиште кога за прв пат зедов учество во математичкиот камп.

Кога слушнав за можноста да поминам три недели во она што звучеше како авто-режија математичка програма, бев колеблив: бев добар по математика, меѓутоа не можам да кажам дека ја сметав за многу забавна; забавна како играњето фудбал и тенис или гледање фудбал или бејзбол на телевизија.

Мојот пријател Џејсм Алтучер исто така размислување за учество на математичкиот камп. Со оглед на тоа што беше прва година кога беше понудена програма за идентификување на талент на Универзитетот Дјук, одлучивме да се обидеме.

Тоа лето, и летото кое следеше беа најдобрите искуства во мојот живот. Математиката што ја научив ми беше од голема корист и никогаш толку забавна. Наредното лето бев многу повеќе ангажиран поради литературниот курс кој го посетував кој предаваше за средниот век и ја анализираше скриптата на „Војна на ѕвездите“.

Сепак, трајното влијание на овие лета не беа учењето и курсевите, туку се` што се случуваше надвор од нив. Секој ден, имав можност да играм спорт, да јадам оброци и да имам одлични разговори со неверојатно талентирани луѓе од различни места, и да претставам неверојатно различни средини, кои сите беа на едно место и делуваа неверојатно нормално.

Сите ние бевме нормални деца, кои сакаа нормални работи и ја користеа можноста да бидат нормални, како и да имаа искуства кои ги имаа нормалните деца. Секако, имаше и такви моменти на „бубалици“, меѓутоа она на кое најмногу се сеќавам беше другарството, чувството на ослободување и дружењето со паметни луѓе.

Како и повеќето, се вратив на училиште исполнет со чувство на можност и надеж; за прв пат сфатив дека не сум сам и дека имам визија како би изгледал светот.

 

Пишува: Дејвид Шејвиц:
Извор: Forbes.com

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука