X
 07.03.2016 Образование

Што треба да студираат младите ако сакаат да бидат иноватори?

иновации

 

Никој не спори дека Марк Цукерберг, извршниот директор на „Facebook“ како и Ерик Шмит, извршниот директор на „Google“ ги изградиле своите кариери врз основа на нивните технолошки познавања. Меѓутоа нивните успеси не би се случиле ако тие не учеле и „помеки“ предмети како психологијата и меѓународните односи.


„Технолошките иновации бараат поврзување на науката, технологијата, инженерството и математиката со економијата“, вели Алек Рос, советник на поранешниот државен секретар на Америка, Хилари Клинтон.

Цукерберг, кој славно го основал „Facebook“ од неговата студентска соба на Харвард, студирал компјутерска наука, но исто така магистрирал и во психологија на Ајви лига колеџот. Токму неговото разбирање за човечката психологија било пресудно за социјалната мрежа да доживее таков успех, тврди Рос, бидејќи го формира корисничкото искуство на оваа платофрма.

Шмит, поранешниот извршен директор на „Google“, кој сега е извршен претседател на компанијата „Alphabet“, има докторат по компјутерски науки. Но, впуштањето на Шмидт во меѓународни односи му помогнало да го изгради „Google“.

„Овие работи во голема мера недоволно се ценат. Овие атрибути докажани од страна на луѓе како Марк и Ерик ќе бидат неопходни во утрешниот свет“ додава Рос.

Со оглед на тоа што вештачката интелигенција, роботиката, сајбербезбедноста и генетиката, луѓето со различно потекло ќе бидат оние кои најдобро ќе разбираат како функционираат овие технологии. И благодарение на глобализацијата, иновацијата нема да доаѓа само од развиениот свет.

Апликациите како „Grainy Bunch“ и „iCow“ го револуционизираат земјоделството во Африка. „Grainy Bunch“ била создадена од компјутерски програмер во Танзанија кој ги искористил своите технички вештини и знаење за синџирот на снабдување за да создаде апликација која го следи снабдувањето, складирањето, дистрибуцијата и потрошувачката на жито во земјата.

Со тоа што човек има широк спектар на вештини, може да помогне луѓето во развиениот свет да се натпреваруваат со глобалната работна сила. Рос предвидува дека работните места на сините и белите јаки ќе бидат заменети со роботи и вештачка интелигенција во следната деценија. Работните места кои бараат емоционална интелигенција нема да бидат оставени на машините, вели тој.

„Луѓето кои имаат разбирање и сфаќање за тоа и кои ги комбинираат своите вештини со главната експертиза во она што може да се нарече хуманистички-комуникативни науки, бихевиорална психолоија - се оние луѓе кои навистина ќе успеат во утрешниот свет“, вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование