X
 30.05.2021 Живот

Најубавите цитати од нобеловката Тони Морисон: Не молете за ништо, особено не за љубов!

Американската писателка Тони Морисон, првата Афроамериканка што доби Нобелова награда за литература, е еден од најценетите писатели на 21 век. Има напишано 11 романи, од кои попознати се „Најсините очи“ и „Сакана“. Во 1993 година ја доби Нобеловата награда за литература.

- Сите умираме. Можеби тоа е смислата на животот. Но, имаме јазик. Можеби тоа е мерката за нашите животи - изјави еднаш писателката.

Во продолжение ви нудиме неколку цитати од ризниците на мудроста што ги остави Тони Морисон.

1. Јазикот нè штити од застрашувачки работи без име. Јазикот е медитација.

2. Она што го сакате, никогаш не можете да го изгубите.

3. Место каде што можете да сакате кого и да го изберете, каде што не ви треба дозвола, тоа место е слобода.

4. Никогаш не молете за ништо, особено не за љубов.

5. Секогаш гледам на расизмот и расистичките навреди како на нешто за кое тие луѓе треба да ги жалиме. Никогаш не влијаеше врз мене. Отсекогаш сум го сметала за хендикеп на таквите луѓе.

6. Не постои раса. Ништо. Постои само човечка раса - научно, антрополошки. Расизмот е конструкција, социјална конструкција.

7. Расизмот ќе исчезне кога веќе нема да биде профитабилен и психолошки употреблив. И кога тоа ќе се случи, расизмот ќе исчезне. Но, во моментов луѓето заработуваат многу пари на тоа.

8. Секој рај, секоја утопија е обликувана од луѓе што ги нема, луѓе на кои не им е дозволен влез.

9. Знам дека светот има модринки и крвави, и иако е важно да не се игнорира неговата болка, важно е да му се спротивставиме на злото. Како и секој неуспех, хаосот содржи информации што можат да доведат до сознание - дури и до мудрост. Како уметноста.

10. Непријателот не е маж. Непријателот е концептот на патријархат, како начин на управување со светот или начин на дејствување.

Извор: Stil.kurir.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот