X
 30.08.2019 Живот

За да бидете здрави, мора да бидете и среќни - еве како да го постигнете тоа

Решенијата некогаш не се толку очигледни. Во изминатите 10 години многу се промени сликата на среќните луѓе и народи во светот.

Позитивниот поглед на животот и среќниот живот прават да живееме подолго, да бидеме поздрави и влијае врз нашата општа состојба. Затоа е важно да се потрудите да бидете среќни.

Кога работите што некогаш ве правеле среќни повеќе не функционираат, тогаш е време да се прашате што не е во ред. Некогаш имаме и лоша дефиниција за среќа, па така мислиме дека нешто нè прави среќни, а всушност тоа повеќе не функционира како некогаш. Не разбираме колку среќа ни е потребна бидејќи секој од нас има различни потреби кога станува збор за среќата. Кога би ја мереле среќата на скала од 1 до 100, некои би рекле дека им е доста 45, 70 или 80.

Затоа е важно да се фокусирате и да си помогнете да бидете среќни.

Не сакаме само да се чувствуваме среќно, туку и да бидеме, во длабочината на нашата душа. Среќата доаѓа од нашето задоволство во животот и исполнување на целите и очекувањата.

Во едно истражување секој студент-учесник добил примерок од тест во кој запишувал колку е среќен. По една недела требало да ги издвои најголемите задоволства и изворот на тие задоволства. Се покажало дека сите ние имаме различни работи што нè прават среќни.

Звучи очигледно, но треба да ги усвоите добрите навики на луѓето за кои знаете дека се среќни. Поминувајте време со луѓе што ви се драги и посебни, напишете кои работи ве прават среќни и бидете благодарни. Научниците докажаа дека луѓето што ги сакаме и нè сакаат може да придонесат за општата состојба на организмот.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот