X
 30.09.2019 Живот

Поради невакцинирање на децата во Црна Гора, казнети 168 родители

Прекршочни судови во Црна Гора минатата и оваа година казниле 168 родители што одбиле да ги вакцинираат своите деца, што е речиси трипати повеќе од периодот од 2013 до 2017 година.

Според податоци од судовите доставени до подгоричкиот весник „Вијести“, 140 родители се казнети парично, а 27 добиле опомена.

Поради одбивање на имунизацијата, родителите биле санкционирани со вкупно 14.560 евра, што значи дека главно добивале минимална законска казна.

Според законот во Црна Гора, минималната казна за невакцинирање деца е 100 евра, а максималната две илјади евра.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот