X
 30.10.2025 Живот

Најновата атракција во Париз е скршениот прозорец на „Лувр“ низ кој влегле крадците

На некој начин Париз доби нова туристичка атракција.

- А од нашата десна страна е „Лувр“ и прозорецот што крадците го скршиле за да украдат кралски накит - се пошегувал туристички водич на брод што пловел по Сена.

Најпосетениот музеј во светот повторно беше отворен во средата, првпат откако четворица мажи провалиле во галеријата „Аполо“ и украле накит на Наполеон вреден 88 милиони евра, најдраматичната кражба во Франција во последните неколку децении.

На влезот имаше долги редици, додека посетителите трпеливо чекаа да ги разгледаат 33.000 уметнички дела.

Од другата страна на улицата, наспроти величествената фасада на музејот, се собра мала, но возбудена толпа која ѕиркаше во високиот прозорец делумно покриен со црни завеси, местото од каде што крадците влегле.

- Неверојатно е. Изгледа толку едноставно. Ако ова беше филм, луѓето ќе велеа: „Колку досадно сценарио“ - вели Алида, туристка од Холандија.

Елена од Рим додаде дека разбира колку е тешко да се спречат вакви злосторства, особено кога се толку внимателно испланирани од решителни крадци, и тоа во државна зграда огромна како „Лувр“.

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нинез изјави дека истрагата напредува и дека на случајот работат повеќе од 100 истражители.

Извор: Euronews.rs
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот