X
 02.03.2023 Живот

„Куќа во облаците“ изградена за необична намена

Селото Торпенс во Обединетото Кралство е дом на необична градба стара 100 години, позната како „куќа во облаците“. Иако изгледа како куќа, станува збор за водна кула изградена во 1923 година. Бидејќи мештаните не сакале да ја уништат естетиката на селото, кулата ја претвориле во прекрасна куќа со покрив „меѓу облаците“.

Оваа куќа крие богата историја, а делумно била уништена за време на Втората светска војна. По реновирањето, капацитетот на водната кула бил 30.000 литри наместо првобитните 50.000 литри.

Во 1977 година селото било поврзано со мрежата на водоводна инсталација, па првобитната намена на објектот исчезнала. Сепак, селаните ја обожавале куќата, па одлучиле да ја задржат.

Популарна дестинација

Необичната куќа станала туристичка атракција и била пренаменета за овие цели. Куќата има пет спални соби кои може да се изнајмат, како и соба за играње, просторија за цртање, дневна соба, кујна, трпезарија и палуба со поглед кој го одзема здивот.

Колку оваа куќа е популарна како дестинација за летување, покажува и фактот што е резервирана за следните неколку месеци.


Извор: 6yka.com
Фото: BBC/Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот