X
 31.03.2022 Наука

Прстените на Сатурн полека исчезнуваат

Препознатливите прстени на Сатурн исчезнуваат, иако полека. Процесот во кој планетите како Сатурн ги губат прстените се одвива стотици милиони години.

Според фотографии направени од мисијата „Касини“ на американската вселенска агенција НАСА во последните години, прстените се космички млади, односно постојат помеѓу 10 и 100 милиони години. За споредба, диносаурусите сè уште шетале на Земјата тогаш.

Научниците не знаат како точно се формирале тие, но една од најприфатените теории е дека некои од постарите месечини на Сатурн ѝ се приближиле на планетата многу блиску и почнале да се распаѓаат, притоа создавајќи прстени.

Според научниците, прстените на Сатурн ќе исчезнат за околу 300 милиони години.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука