X
 31.05.2020 Култура

Како книгите можат да ве ослободат од стресот предизвикан од пандемијата?

Сум патувал низ светот двапати, сум запознал познати; светци и грешници, поети и уметници, кралеви и кралици, стари ѕвезди и надежни почетници, бев таму каде никој претходно не бил, ги научив тајните на писателите и готвачите сето ова со една библиотекарска книшка до прекрасниот свет на книгите

Џенис Џејмс

Книгите играат значајна улога во нашиот живот. Велат: - Кога ќе отворите нова книга, отворате нов свет. Верувам дека секој треба да се согласи со оваа изјава бидејќи книгите отсекогаш биле неразделен дел од цивилизираниот свет. За поголемиот дел од луѓето, книгите се дел од нивниот секојдневен живот. Книгата е како најдобар пријател кој никогаш не ве напушта.

Книгите се преполни со знаење, даваат увид во нечиј живот, ве учат да сакате и да пребродите некој страв, покрај корисните совети кога ви се потребни. Книгите се тука со векови векови и без нив не би знаеле за нашето минато, предците, културите и цивилизациите. Дали некогаш сте помислиле што би се случило ако интелектуалците никогаш не го документирале своето време?

Книгата комуницира знаење. И не само знаење, туку ја пренесува мудроста од една генерација на друга. Колку повеќе читате, толку повеќе сте изложени на нови реалности. Вашите ставови се менуваат и вашите идеи и имагинација се прошируваат. Верувам дека личноста и однесувањето на една личност се одраз на книгите што ги чита. Ништо не може да му додаде на нашиот интелект повеќе отколку читањето книги.

Живееме во време што носи стрес. Среде светска пандемија. Некои од нас живеат во области што тешко беа погодени од вирусот. Други се подготвуваат за она што допрва доаѓа. Сите ги читаме насловните страници и се прашуваме: Што ќе се случи следно?

На сите ни е потребен совет и поддршка во ова тешко време. Бидете внимателни од кого добивате совет затоа што вирусот не е единствена зараза, туку заразни се и емоциите. Насочете се кон нешто што ќе ви го подобри животот. Ако немате кому да му верувате, обратете ѝ се на книгата. Книгите ја поттикнуваат вашата душа и ја зголемуваат вашата надеж.

1
Фото: Unsplash

Без кликнување, без апликации и без телефони, а сепак ви го држи вниманието. Тоа е магијата на книгите. Стресот може да се ослободи и на друг начин, но малкумина знаат дека единствено читањето книги може да биде магично. Кога и да се чувствувате под стрес, депресивно, отворете книга и дозволете си да се изгубите во зборовите. Приказните и зборовите имаат голема моќ да го излечат човечкиот ум.

Кога читате приказни, се поврзувате со карактеристиките на ликовите и почнувате да гледате сличности помеѓу себе и нив. Ова ве тера да се чувствувате како да сте слични со личноста која не постои. И покрај тоа што не постои, сепак ги разбирате и навивате за нив. Со ова учите за емпатијата. Кога ќе запознаете луѓе кои се нешто слични со ликовите што сте ги запознале преку книгите, почнувате да ги разбирате и да сочувствувате со нив.

Читањето помага да се ослободите од секоја мисла што ви предизвикува вознемиреност и има смирувачки ефект врз мозокот. Како што се движите во приказната преку ликовите, вашите мисли и инхибиции патуваат со вас. Точно е она што го велат луѓето - кога имате книга, имате пријател. Читањето го намалува чувството на отуѓеност и осаменост. Нивното намалување може да помогне во лекувањето на многу проблеми со менталното здравје, како што се вознемиреноста и депресијата.

Книгите се најтивки и најстари пријатели; тие се најпристапни и најмудри од сите советници и најтрпеливи од сите наставници. Книгите имаат моќ да нè транспортираат во нови светови и во различни периоди, но тие исто така можат да нè вратат во важните моменти во нашите животи.

Важно да се разбере концептот на трговија, по што ќе можете да направите мудра размена помеѓу стресот од една страна и олеснувањето од друга страна. Затоа што не постои подобар излез од книгата. Потребна е мудрост за да стекнете мудрост.

Извор: Kashmir Observer
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура