Бран на анксиозност може да нѐ погоди кога најмалку очекуваме. Чувството на стрес нè тера да мислиме дека нашето тело нè изневерило во најлошото можно време - особено кога сме опкружени со пријатели или со сакани луѓе. Во такви моменти ни треба некое едноставно, но ефективно решение за да се смириме.
На „Тик-ток“ и „Инстаграм“ тврдат дека нанесувањето мраз на задниот дел од вратот може да ја спречи анксиозноста. Вистина е дека мразот или што било студено може да дејствува како шок за телото, но кога се применува стратешки, предизвикува физиолошки промени кои помагаат да се регулира стресот.
- Кога ставате мраз на страната на вратот, тоа предизвикува стимулација на вагусниот нерв, а тоа за возврат навистина го активира механизмот „бори се или бегај“, каде што клучниот дел е изложување на задниот дел од главата - вели д-р Ашвини Надкарни, доцент на Медицинската школа при „Харвард“.
Вагусниот нерв е најдолгиот кранијален нерв во телото, кој се протега од основата на мозокот, по вратот, до градите и стомакот. Тој е дел од парасимпатичкиот нервен систем. Парасимпатичкиот нервен систем ги контролира неволните функции, како отчукувањата на срцето и варењето и му помага на телото да се опушти и да закрепне.
- Можеме да го замислиме како спротивставена сила на нашиот симпатички нервен систем и механизмот „бори се или бегај“. Тоа е силата што му кажува на нашето тело „одмори се и свари“ - вели д-р Надкарни.
Додека симпатичкиот автономен нервен систем управува со нашиот одговор „бори се или бегај“ и го подготвува телото за потенцијален физички напор, парасимпатичкиот дејствува како кочница.
- Ова функционира како гас и кочница. Понекогаш можете да го турнете гасот докрај, додека други пати тоа може да биде само малку, но секогаш некако се префрлате помеѓу овие два система - објаснува д-р Емили Казанова, доцент по невронаука во психологијата на Универзитетот „Лојола“.
Кога телото е во режим на борба или бегање, мразот нанесен на задниот дел на вратот ги стимулира вагусниот нерв и парасимпатичкиот нервен систем низ телото, сè до мозокот. Кога ќе се активира, тој почнува да се спротивставува на режимот „бори се или бегај“. Оваа стимулација може да создаде повратни јамки во телото и мозокот, вели д-р Казанова. Додека студот може да помогне да се намалат отчукувањата на срцето, мозокот внимателно го следи телото и всушност може да помогне да се намали анксиозноста додека собира повратни информации.
- Главната работа е да се намали температурата на телото, а тоа ќе го предизвика мразот на вратот. Тоа може да се постигне со потопување на главата во ладна вода, капење или туширање со ладна вода, прскање на лицето со ладна вода или дури и пиење многу ладна вода - вели д-р Казанова.
Други начини да се запре анксиозноста
Обидете се да пеете, да се смеете или да правите гаргара
Ова се други ефективни начини за стимулирање на вагусниот нерв на начин што навистина го нарушува нападот на паника, советува д-р Надкарни. Поради тоа што вагусниот нерв минува низ гркланот и фаринксот, додека гласните жици вибрираат, делови од вагусниот нерв се стимулираат, ефикасно поместувајќи го телото од режимот „бори се или бегај“.
Земете долг, длабок здив
-Дишењето низ сламка може да го стимулира парасимпатичкиот нервен систем. Дури и само стискање на усните и забавување на дишењето може да ни помогне да се смириме. Додека мозокот продолжува да го следи телото, длабокото дишење може да му помогне на телото да го регулира отчукувањата на срцето и да создаде јамка за повратни информации што бара релаксација и смиреност - вели д-р Казанова.
Седнете и кренете ги нозете нагоре
Седењето и кревањето на нозете може да му помогне на срцето да се смири, промовирајќи релаксација и ефикасно намалување на напнатоста. Нашата цел е да го смириме отчукувањата на срцето - објаснува д-р Казанова.
Извор: eklinika.telegraf.rs
Фото: Freepik