X
 31.07.2025 Живот

„Мета“ го подготвува својот прв паметен часовник - ќе биде сосема поинаков од „епл вач“

Технолошкиот гигант „Мета“, познат по „Фејсбук“, сè повеќе се движи подалеку од софтверот и се проширува на хардвер. По успехот со паметните очила, компанијата се подготвува да го лансира својот прв паметен часовник. За разлика од модели како што се „епл вач“ или „гармин“, новиот часовник „мета“ нема да биде ориентиран кон здравје и спорт, туку кон искуства во виртуелната реалност и метаверзумот.

Уште во 2021 година се појави информација дека „Мета“ планира паметен часовник со предни и задни камери, за фотографирање и видеоповици. Сепак, проектот беше суспендиран во 2022 година. Според најновиот извештај на „Диги тајмс“, „Мета“ го продолжи развојот во 2024 година и планира официјално да го претстави уредот на конференцијата „Мета конект“, која ќе се одржи на 17 и 18 септември.


Најинтересната карактеристика на новиот паметен часовник ќе биде интегрираната камера, за која се верува дека ќе придонесе за подобро потопување во светот на метаверзумот и ќе може да работи заедно со идните паметни очила со вештачка интелигенција. Сè уште нема детали за точните карактеристики, но јасно е дека „Мета“ оди во сосема поинаква насока од моментално водечките уреди за носење.

Техничкиот директор на „Мета“, Ендру Босворт, претходно навести дека компанијата планира да лансира дури шест уреди со вештачка интелигенција во текот на годината. Еден од нив веќе е претставен: спортските паметни очила „окли мета“ за спортисти. Доколку информациите се точни, наскоро би можеле да се појават уште пет уреди.

Извор: benchmark.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот