X
 31.08.2021 Живот

Онлајн-продажба на билети за Саемот на книга 2021

Од утре, билети за Саемот на книга ќе може да се купат преку онлајн електронскиот систем www.karti.com.mk. За најбројната публика, млади лица до 18 години, важи попустот како за групни посети, а билетот чини само 20 денари.
Саемот за книга ќе се одржи на отворено, непосредно до Аквапаркот (А1 Арена - СЦ Борис Трајковски), од 8 до 14 септември.

На саемот ќе земат учество над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, како и голем број промоции и саемски попусти.
Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и е поддржан од Министерството за култура.

Програмата и распоредот на промоции на новите изданија ќе бидат објавени непосредно пред почетокот на Саемот на книга 2021.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот