X
 31.08.2022 Живот

По вчерашното невреме во Скопје, се работи на расчистување на градот

Вчера попладне силно невреме го зафати главниот град. Облаците подолго се задржаа над Скопје, при што граѓаните се соочија со силен и пороен дожд, град, ветер и поплави.

Невремето нанесе големи штети врз куќите, зградите, улиците, парковите, автомобилите и слично. Неколку скопски подвозници беа поплавени, а и голем број возила беа блокирани во сообраќајот.

По смирувањето на силниот дожд, екипи на ЈП Улици и патишта - Скопје интервенираа со цела оператива и механизација на терен, кои притоа беа поделени по реони за да дејствуваат на расчистувањето на улиците и тротоарите и нормализирање на сообраќајот. Паралелно екипите се координираа со ЈП Паркови и заленило и ЈП Водовод со кои интервенираа на расчистување на сливниците и паднатите дрвја и билборди од коловозите и тротоарите.




Утрово исто така и екипите на Општина Центар ги чистеа паднатите дрвја и штети кои беа направени од невремето.





Погледнете како изгледаше невремето вчера:


Подготвил: Ј.Т.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот