X
 05.09.2017 Живот

Прогноза за наредните 5 (пет) дена... Какво време да очекуваме?

Денес е вторник, 5 септември 2017 година, 248-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:57, а ќе зајде во 19:05 часот. Денот ќе трае 13 часа и 08 минути.

Ова утро во најголем дел Македонија имаме претежно облачно и свежо време, во крајните јужни и југоисточните предели преовладува претежно сончево време.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес поради продорот на облачна маса од север имаме за малку повисоки утрински температури во однос на вчерашниот ден, утрински температури кои што денес ќе се движат во интервал од 6 до 16 степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време. Услови за слаби локални врнежи од дожд попладне ќе има во крајните северозападни и западни планински предели. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер. Максималните дневни температури од 17 до 28 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен слаб северен ветер. Утринската температура од 13 степени, додека пак дневната до 25 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во среда и четврток подпросечно свежо утро со утрински температури од 3 до 13 односно од 4 до 14 степени а во текот на денот претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе се движат од 20 до 31 односно од 22 до 33 степени. Во петок по утринските температури од 6 до 16 степени во текот на денот ќе биде сончево и потопло време со максимални температури кои што ќе достигнат до 23 односно до 34 степени. Во сабота претпладне претежно сончево попладне зголемување на облачноста со услови за повремени и локални врнежи од дожд. Минималните температури од 7 до 17 степени, а максималните дневни од 23 до 34 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот