ПочетнаSkip Navigation LinksСтудии Државни универзитети Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје Институт за социолошки и политичко-правни истражувања - Скопје

Институт за социолошки и политичко-правни истражувања - Скопје

Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје е основан во 1965 година и е единица во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.



Мисијата на ИСППИ е дефинирана од неговите задачи кои во прв ред се однесуваат на реализација на научни и применети истражувања од сферата на социологијата, политикологијата, правните, комуникациските, организациските и културолошките науки; образување на научни работници во наведените научни полиња; издавање и соодветно претставување на резултатите од научноистражувачката и образовната дејност, како и создавање на соодветна научна документација.

 

Покрај својата основна дејност - научно-истражувачката работа, Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања- Скопје повеќе од четири децении организира втор циклус на универзитетски студии од повеќе научни дисциплини. Денес Институтот организира втор циклус на универзитетски студии од следниве студиски програми:

 

 

Наставата од вториот циклус на универзитетските студии ја изведуваат реномирани и искусни научни работници и наставници од Македонија и странство.

 

Вториот циклус на универзитетските студии се организира според наставните научни достигнувања и се настојува постојано да се биде во чекор со светските научни трендови.

 

Универзитетските студии од втор циклус траат една до две години и со нивно завршување се стекнуваат од 60 до 120 ЕКТС кредити. Вкупниот број на кредити кои се стекнати од првиот и од вториот циклус на универзитетските студии изнесуваат вкупно 300 ЕКТС кредити.

 

Студентите кои успешно ќе ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале се стекнуваат со научно звање магистер и се оспособени за самостојна научноистражувачка работа.


Институтот организира и трет циклус-докторски студии преку Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од студиските програми:  

•    Организациски науки и управување (менаџмент)
•    Социологија на организација
•    Социологија на окружувањето
•    Демократија во услови на глобализација  (политички науки)