Менаџмент на човечки ресурси

ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ПО МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

ПРОФИЛ

 

Постдипломските студии по кадровски менаџмент, сега менаџмент на човечки ресурси, егзистираат од учебната 1991/92 година. Во изминатите 21 година и 20 генерации постдипломци, според следењето на потребите на пазарот на трудот и искуствата од земјите со пазарно стопанство, студиската програма по менаџмент на човечките ресурси  се физиономираше да ги задоволува образовните потреби во следниве области:


а) Професионалец во развојот на човечките ресурси: раководител или извршител во одделот за менаџмент на човечките ресурси кој се грижи за целокупниот циклус на обезбедување, развој, активирање и одржување на човечките ресурси;


б) Професионалец за одделни аспекти на третманот на кадрите во специјализирани владини или приватни агенции и служби: министерства, локална самоуправа, статистика, бироа за вработување, агенции за посредување при вработување, биро за развој на образованието, консултански фирми за менаџерска обука и менаџмент консалтинг;


в) Менаџер/сопственик на мала или средна фирма или функциски менаџер во средна или голема фирма, каде што една од клучните функции е односот со кадрите: нивното избирање и вработување, функционалната обука и кариерниот развој, како и нивното активирање  преку мотивирање и други облици на стимулирање во текот на работата;


г) Раководител во јавна институција (образовна, здравствена, социјална и сл.), каде што доминантна дејност на менаџерот е работа со човечките ресурси;


д) Консалтинг во областа на менаџментот на човечките ресурси и организациските промени.

 

Очекувани придобивки од учењето (learning outcomes) на ниво 7 (втор циклус на студии) според европската квалификациска рамка за доживотно учење:

a) На ниво на знаење:

  • Високо специјализирано знаење кое е во полето на организациските науки со посебен осврт кон менаџментот на човечки ресурси;
  • База на оригинално мислење или истражување:
  • Подигање на критичка свест за знаењето во полето на организациските науки/менаџмент на човечки ресурси и меѓусебната зависност со другите полиња на знаење.

б) На ниво на вештини:

  • Вештини специјализирани за разрешување на проблеми, кои се потребни при истражување или иновација за да се изгради ново знаење или процедури и да се интегрира знаењето од различни области.

в) На ниво на компетенции:

  • Способност за менаџирање и за трансформирање на работата или контекст на студирање кој е комлексен, непредвидлив и бара нови стратегиски приоди;
  • Способност за преземање одговорност за учество во професионално знаење и практика и/или за правење на ревизија на стратегиските перформанси на тимот.

 

ДЕТАЛЕН ОПИС НА КОМПЕТЕНЦИИТЕ ЗА МЧР ПРОФЕСИОНАЛЦИ

 

 

1. Развива компетенција за функцијата на човечки ресурси да создаде вредност

1.1. Развива компетенција за доверлив актер во организацијата кој ќе може и ќе знае:

  • да доставува резултати со интегритет
  • да споделува информации
  • да гради релации врз основа на доверба
  • да влијае врз другите, набљудува, презема соодветни ризици

2. Развива компетенција за придонес во бизнис стратегијата

2.1. Развива компетенција за обликување на организациската култура, односно способност да:

  • биде фацилитатор на промените
  • ја развива културата
  • им помага на вработените да се прилагодат на културата

2.2. Развива компетенција за развој на вработените и компетенција за дизајнер на организацијата, што ќе го оспособи за:

  • развој на талент
  • дизајн на системи за наградување
  • обликување на организацијата

2.3. Развива компетенција за архитект на стратегијата, кој ќе биде способен да:

  • ги препознава трендовите на бизнисот и нивното влијание врз бизнисот
  • води и креира евиденција за човечките ресурси
  • ги развива стратегиите за човечки ресурси така што ќе придонесат за деловната стратегија

3. Развива компетенција за сојузник на бизнисот и компетенција за оперативен извршител

3.1.      Како сојузник на бизнисот ќе биде во состојба да:

  • разбере како бизнисот прави пари
  • го разбере јазикот на бизнисот

3.2.      Како оперативен извршител ќе биде во состојба да:

  • имплементира политики од областа на човечките ресурси
  • биде советник за технологија за човечки ресурси
  • ја администрира секојдневната работа
  • ги менаџира вработените