Општествен развој

СТУДИСКА ПРОГРАМА ОД ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ
ПО „ОПШТЕСТВЕН РАЗВОЈ “



Мисија и цели на студиската програма од втор циклус студии по Општествен развој

Целта на постдипломските студии по  „Општествен развој” е да понуди интердисциплинарно знаење и анализа во областа на развојот. Областа на студиите по општествен развој е една од најзначајните подрачја на општествените науки. Светот стана „глобален” и со тоа сé што не опкружува е глобално. Мора да се прилагодуваме на она што живее во светот и меѓу луѓето. Во светот се случува „глобална револуција“ и ние сите мора да се вклучиме, да учиме и да работиме во глобалниот  свет.

Студиите по „Општествен развој” се убедливо едни од областите на општеството и со нивното појавување започна да се преиспитуваат многу стратегии  и технологии. Најпрвин очигледно е дека се променија брзината и содржината  на општествено-економскиот  развој во земјите во развој.

Се применуваат нови знаења за решавање на конкретните развојни проблеми и се користат сложени комплексни методи и модели со цел предвидување на развојните процеси. Ова е област која допрва ќе се развива како во тимско работење, така и во независно работење, интерперсонални вештини и многу други вештини, сите достапни за обичниот човек. 

Програмата е наменета за кандидати кои имаат завршено додипломски студии, пред сé по социологија, економија, право, организациони науки, политички науки и други општествени науки и веќе имаат определено ниво на познавања од областа на развојот и кои покажуваат желба и способност за напредување во областа. Постдипломските студии по  социологија и политички науки на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје се организираат речиси 47 години. Како универзитетска институција во која се одвива научноистражувачката дејност и во областа на општествените науки, ИСППИ негува еден приод во студиите кој значи истражување и публикување на достигнувањата од оваа област. Фактот што како предавачи се јавувале докажани истражувачи и научни работници, придонел покрај теоретскиот, да се негува и научноистражувачкиот пристап во совладувањето на предвидените наставни програми и содржини. Основна цел на вака поставените студии  е да се оспособат студентите да ги користат сознанијата од областа на студиите по Општествен развој за анализа на општествената стварност и да нудат развојни  решенија  за проблемите.

Магистрантите, по успешното завршување на програмата ќе се стекнат со звање Магистер по општествен развој, со можност за вработување во различни области, како на пример: универзитети, образование, владин, приватен и невладин  сектор, ПР агенции, маркетинг компании, истражувачки институти, невладини организации, меѓународни организации и фондации итн. Сигурни сме дека во наредниот период потребата за кадри од студиите по Општествен развој постојано ќе се зголемува.

Во изминативе 47 години на ИСППИ поминаа многубројни генерации постдипломци. Програмите во изминативе неколку години претрпеа поголеми промени со цел да се прилагодат на современите трендови, како и да се задоволат барањата на општеството и образовните потреби посебно.

Досегашното искуство со постдипломските студии  на ИСППИ е одлично и секоја година има интерес од се повеќе студенти. Главно се запишуваат студенти кои веќе имаат свои кариери и се профилирани во општествените науки. Според наши сознанија, ваква студиска програма се уште не е понудена на ниту еден универзитет во Република Македонија како целина.

Работни места за кои се оспособуваат магистрантите
 
Специфични задачи на студиската програма се креирани според следењето на потребите на пазарот на трудот и искуствата од земјите со пазарно стопанство, и треба да ги задоволува образовните потреби од следниве области:

a)    Магистер по општествен развој кој со завршените постдипломски студии може својата кариера да ја продолжи на некој од државните или приватни универзитети како професор на повеќе предмети од областа на социологијата, економијата, правото, демографијата, организациските науки;

б) Специјализиран кадар од областа на студиите по општествен развој, кој ќе може да конкурира на пазарот на трудот во јавните  институции на локално и национално ниво и бизнис секторот; 

в) Истражувач кој ќе биде обучен да ги истражува развојните   феномени и да изработува студии кои може да бидат користени од институции од различен тип: државни, приватни, економски, културни, образовни, невладини, меѓународни и други;

г)  Оспособен за учество во меѓународни проекти кои се бават со развојните процеси и кој ќе може да работи на проекти во невладиниот сектор како дел од граѓанското општество и да биде дел од меѓународни организации и фондации.