Политички науки

ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ПО ПОЛИТИЧКИ НАУКИ

 

Првите постдипломски студии по политички науки во Македонија беа организирани во почетокот на 70-тите години во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Како универзитетска институција во која практично започна научноистражувачката дејност во областа на политичките науки,  ИСППИ негуваше еден приод во студиите кој значеше примена и на класичните, и на современите методи во наставата. Фактот што како предавачи се јавуваат искусни и докажани истражувачи и научни работници, придонесе, покрај теоретскиот, да се негува и научноистражувачкиот пристап во совладувањето на предвидените наставни програми и содржини. Основна цел на така поставените студии е, да се оспособат студентите теоретските сознанија од областа на политичките науки да ги користат  за анализа на општествената стварност и да нудат (политички) решенија  за проблемите.

Магистрантите, по успешното завршување на програмата, се стекнуваат со звање магистер по политички науки, со можност за вработување во различни области, како на пример: државна администрација, политички партии, министерства, локална самоуправа, медиуми, меѓународни организации и фондации итн.

 

 

ГЕНЕРИЧКИ И СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ

 

Очекувани придобивки од учењето (learning outcomes) на ниво на втор циклус на универзитетски студии - магистерски студии, според европската квалификациска рамка за доживотно учење:

a)    На ниво на знаење:

  • Високо специјализирано знаење во областа на Политичките науки;
  • База за оригинално мислење и истражување.

b)    На ниво на вештини:

  • Вештини специјализирани за разрешување на проблеми, кои се потребни при истражување или иновација за да се изгради ново знаење или процедури и да се интегрира знаењето од различни области.

c)    На ниво на компетенции:

  • Способност за селекција на релевантна научна литература од областа на секоја од поддисциплините на Политичките науки;
  • Критички и креативни способности за промислување на најважните концепти во Политичките науки: моќ, правда, права, слобода, еднаквост итн.
  • Способност за проценка и користење на различни научни пристапи во анализата на конкретни политички појави и процеси;
  • Способност за креирање и евалуација на јавни политики;
  • Способност за дизајнирање и спроведување самостоен истражувачки проект;
  • Оспособеност за собирање, класификација, користење и статистичка обработка на податоци кои се употребуваат во политиколошките истражувања;
  • Способност за академско пишување според меѓународно прифатени стандарди.