X
 15.08.2019 Конкурси

УКЛО распиша конкурс за најдобар истражувачки труд и есеј

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола распишува Конкурс за најдобар

I. ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД

II. ЕСЕЈ

Критериуми и услови:

Право на учество на Конкурсот имаат студентите запишани на прв циклус студии во академската 2019/2020 година.

Студентот има право да конкурира за:

- најдобар истражувачки труд

- најдобар есеј

Студентот има право со посебни трудови истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј.

Eсејот се изработува исклучиво на тема:

Студентско ангажирање, развој, поврзување

Истражувачкиот труд се изработува по слободен избор.

Начин на доставување на трудовите:

Трудот, односно есејот се доставува во електронска форма на следната е-адреса: istrazuvackitrudiesej2019@uklo.edu.mk

На трудот не смее да бидат наведени податоци за студентот, а се наведуваат само насловот и шифрата под која се пријавува истражувачкиот труд, односно есејот.

Истражувачките трудови и есеи се доставуваат најдоцна до 31.10.2019 година.

За најдобрите есеи и истражувачки трудови се доделуваaт плакети и парични награди.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси