X
 01.01.2022 Живот

Најчитани теми од областа на науката на Факултети.мк за 2021

Со оглед на тоа што пандемијата сѐ уште трае, не е тешко да се поверува дека едни од најчитаните теми поврзани со науката се токму за коронавирусот. Повеќето луѓе се фокусирани на здравјето и токму мислењата на научниците што се поврзани со коронавирусот се темите што најмногу ги интересираа читателите во 2021 година.

Тимот на Факултети.мк се обиде да извлече само неколку од најчитаните теми поврзани со науката што беа објавени на нашата страница во текот на 2021 година. 



Најчитаниот текст од областа на науката на Факултети.мк е поврзан со короната, односно темата „Пронајдени докази за „суперчовечки“ имунитет на ковид-19 кај некои лица“. Текстот „Дали е настинка или ковид-19? Експерт ги објаснува симптомите“ го зазеде второто место. Доминацијата на темите поврзани со ковид-19 ја надополни текстот „Колку време е потребно за да почнат да дејствуваат ковид-вакцините?

Меѓу најчитаните текстови за 2021 на Факултети.мк поврзани со науката се и темите „Доктор објаснува што точно се случува кога човек умира“ и „Што му се случува на вашето тело кога ќе изедете цело пакетче чипс“.

фото: Unsplash


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот