X
 01.01.2023 Живот

Работно во Ургентниот центар и Клиниката за токсикологија во Скопје за новогодишната ноќ

Во текот на новогодишната ноќ во Ургентниот центар во Скопје биле извршени 80 прегледи, од кои четири сообраќајни незгоди и четири физички напади.

Александар Трајановски, директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) истакна дека сите случаи биле со лесни телесни повреди, без потешки последици и се пуштени во домашно лекување.

На Клиниката за токсикологија на новогодишната ноќ биле примени 22 пациенти во алкохолизирана состојба, од кои најмладиот имал 14 години.

Ридван Бајрами, директор на Клиниката за токсикологија изјави дека на клиниката синоќа биле примени шест жени и 16 мажи во алкохолизирана состојба.

– За жал, доминира младата популација, малолетници од 14 до 18 години. Сите биле третирани во амбуланта и пушетни на домашно лекување, рече Бајрами.

МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот