X
 01.03.2023 Живот

Мумија пронајдена во торба-ладилник во Перу

Перуанската полиција соопшти дека изминатиов викенд запленила мумија стара 600 до 800 години во торба-ладилник за испорака на храна. Сопственикот на торбата рекол дека „неговата“ мумија долго време му била „состанарка“.

Мумијата била пронајдена во областа Пуна на Андите, а Хулио Сезар Бермехо (26) е притворен. Министерството за култура нареди заплена на мумијата заради заштита и зачувување на културното наследство, соопштија перуанските власти.

Бермехо одрекува дека сакал да ја продаде мумијата, но признал дека ја чувал во ладилник за да ја покаже на пријател, а потоа би ја
дал во музеј. Тој раскажал и дека татко му ја зел мумијата пред 30 години од полицаец, кој му должел пари и археолошкиот наод го викал „Хуанита“.

- Таа е во мојата соба, спие со мене. Се грижам за неа, ја чувам. Таа ми е како духовна девојка - изјавил младиот човек додавајќи дека мумијата има енергија и го казнува ако тој се однесува лошо.

Како и да е, стручните анализи велат дека таа не е „Хуанита“, т.e. черепот е од маж, висок 151 сантиметар, кој починал на околу 45 години. Според властите, мумијата веројатно е пронајдена во источниот дел на перуанските Анди и е стара 600 до 800 години.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот