X
 01.04.2020 Здравје

Пет оздравени од Ковид-19 и испишани од клиника. Новозаболени се 25

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во последното деноноќие се испишани 5 пациенти што боледуваа од Ковид-19, информира министерот за здравство Венко Филипче.

До денес до 12 часот има 25 новооткриени заразени со коронавирус, со што вкупниот број на регистрирани граѓани позитивни на коронавирусот се зголеми на 354. Најголем број од нив, 183, се во Скопје.

Во последните 24 часа има уште еден смртен случај, 65-годишна жена, која, како што кажа Филипче, претходно имала многубројни заболувања.
- Од 29. пациенти во Дебар што се на домашно лекување кај 11 денеска се земаат контролни брисеви, тие се во добра општа состојба - рече Филипче.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје