X
 01.04.2022 Наука

Фотографирано создавањето спомени во мозокот на риба

Група истражувачи од Универзитетот на Јужна Калифорнија успеале да поттикнат создавање спомени кај генетски модифицирана риба и да сведочат за промените што се случуваат во проѕирната глава на ларви од риба додека се создаваат спомените. Со други зборови, тие успеале да направат фотографии од создавање спомени во живо животно.

Генерално, научниците се согласуваат дека мозокот создава спомени со менување на синапсите, кои се мали места каде што се поврзуваат невроните. Но ова можеби не е така судејќи според истражувањето спроведено на генетски модифицирана риба.


Фото: USC

Според истражувањето, учењето предизвикува синапсите да растат во некои локации, а да исчезнуваат во други, наместо едноставно да ја менуваат нивната цврстина, како што се мислело претходно. Тоа било забележано во експериментите со риби кои биле следени под микроскоп.

Научниците ги тренирале ларвите од рибите да учат, односно да создаваат спомени, и забележале дека во процесот се создавале целосно нови синапси во едниот дел од мозокот, а умирале постојни синапси во друг дел од мозокот.

Ова истражување е само еден дел од сложувалката за создавањето на спомените и остануваат многу неодговорени прашања. Истражувачите планираат да ги применат експериментите на животни со поголеми мозоци во иднина.

Извор: Interesting engineering
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука