X
 01.05.2020 Здравје

Зошто Ковид-19 повеќе ги погодува постарите лица?

Како што старееме, ткивото во белите дробови станува поцврсто, а ова можеби придонесува за големата смртност кај постарите лица како последица од Ковид-19, болеста предизвикана од новиот коронавирус. Каролин Улер и Г. В. Шивашанкар претставуваат нова хипотеза поврзана со овие карактеристики кај постарите луѓе.

Вирусот ги погодува сите, но полошо влијае врз здравјето кај постарите лица. Причината за ова не е официјално позната, но научниците истражуваат. Имено, некои сметаат дека големата смртност кај постарите е резултат на ослабувањето на имунолошкиот систем. Познато е дека постарите лица се поподложни на многу заразни болести.



Фото: Pixabay

Сепак, можеби има и други причини. Како што старееме, структурата, карактеристиките и функцијата на клетките во нашето тело се менуваат. Можно е новиот коронавирус да ги користи овие промени за побргу да се размножува во клетките на постарите луѓе, а со тоа и болеста повеќе да влијае врз здравјето на пациентот. Сепак, ова останува хипотеза и треба дополнително да се истражи.

Кога новиот коронавирус ги заразува луѓето, тој прво ги напаѓа мукозните клетки на респираторниот тракт. Кога вирусот ќе влезе во клетката, влијае врз клеточните процеси и се размножува. Коронавирусот ги напаѓа клетките на сите, но неговите последици се различни кај младите и старите лица. Познато е дека ткивото во белите дробови и респираторниот тракт се зацврстува со возраста, а ова влијае врз карактеристиките и процесите во мукозните клетки.


Фото: Pixabay

Коронавирусите зависат од функциите на нивните клетки-домаќини за да се размножуваат, а овие пак зависат од карактеристиките на клетката, па соодветно на тоа, карактеристиките и функциите на клетките кај постарите лица можеби му помагаат на вирусот полесно да се размножува.

Лековите што би можеле да бидат корисни во битката со болеста би требало да го блокираат или одложат влегувањето на вирусот во клетката.


Извор: medicalexpress.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје