X
 01.05.2021 Живот

Калкулатор пресметува колку следбеници треба да имате за да заработувате преку социјалните мрежи

Дали сакате да ја напуштите работата и да заработувате како ѕвезда на социјалните мрежи? Сега постои алатка која може да ви каже дали тоа е реална цел. Онлајн-алатката ви кажува колку следбеници треба да имате на социјалните мрежи за да заработувате доволно за да дадете отказ од сегашната работа.

Таканаречениот „калкулатор за плата преку социјални мрежи“ е создаден од платформата „Ликд“. Според веб-страницата, најпознатите инфлуенсери заработуваат многу преку социјалните мрежи, па затоа не е чудо што многумина ја сакаат оваа работа.

Верувале или не, околу 22.000 луѓе месечно пребаруваат на „Гугл“ како да станат инфлуенсери. Доколку сте еден од овие нив, може да ја почнете промената во кариерата со оваа алатка.

Според пресметките, лице што сака да заработува 250.000 долари годишно на социјалните мрежи треба да има 767 спонзорирани објави на „Инстаграм“, 59,7 милиони прегледи на „Јутјуб“ и 675 милиони прегледи на „Тик-ток“.

Според калкулаторот, еден инфлуенсер заработува 4,18 долари за секои 1.000 прегледи на „Јутјуб“. На „Инстаграм“ може да очекувате да заработувате од 250 долари до 350 долари за објава доколку имате барем 5.000 следбеници.

Автор: Екта Јоши
Извор: luxurylaunches.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот